Top Sport

Хадерсфилд се реши за уште еден Германец на клупата

Хадерсфилд таун ќе се обидат да останат во Премиер лигата со помош на тренерот на резервниот тим на Борусија Дортмунд, Јан Зиверт, кој потпиша договор до 2021 година. Зиверт на клупата го заменува својот сонародник Давид Вагнер, кој си замина минатата недела со клубот на последно место во Премиер лигата.

Вагнер ги однесе Хадерсфилд во Премиер лигата во 2016/17 првпат по 45 години, а минатата година успеа да ги спаси од испаѓање, но оваа сезона Таун има само две побеи во 23 меча и е на 10 поени од безбедната зона.

Зиверт претходно беше селектор на младинските репрезентации на Германија, но и главен тренер на Бохум и Рот-Вајс Есен.

Scroll to Top