Top Sport

Епско самоништување на Карењо Буста! Наместо рекетот, настрада торбата (видео)

Пабло Карењо Буста имаше „епско“ самоуништување на Австралија опен по контроверзниот пораз во четвртото коло од Кеи Нишикори, по што ја фрли својата торба на теренот и врескаше кон судијата.

Шпанецот водеше со 8:5 во тај-брејкот во петтиот сет, кога работите тргнаа наопаку. Тој одеше да обезбеди меч-поен, кога еден линиски удар беше повикан аут, а Нишикори го врати ударот и го доби поенот. Карењо Буста побара видео-преглед и „Хокај“ системот покажа дека топката е внатре. Меѓутоа, линискиот судија одби да го преигра поенот бидејќи одлуката дојде по удаот на Нишикори и поради тоа нема промена на резултатот.

По ова, Шпанецот влезе во долга расправија со судијата дека извикот аут беше пред ударот на Нишикори. Судијата не беше убеден и кога се вратија на теренот, Карењо Буста не освои ниту еден поени – Нишикори со пет поени во низа го освои мечот. Откако го гушна Нишикори, Карењо Буста ја грабна својата торба и ја фрли на теренот, а од публиката на „Маргарет Корт арената“ доби свирежи. Тој повторно се сврте кон судијата и вресна, и продолжи да вика додека заминуваше во соблекувалната.

Нишикори по пет часа и пет сета го „скрши“ Карењо-Буста

Scroll to Top