Top Sport

Хадсон-Одои бара трансфер, не бил задоволен од статусот во Челси

Калум Хадсон Одои повторно го нарушува мирот на „Стенфорд Бриџ“. Младиот фудбалер е незадоволен од третманот што го има кај Френк Лампард поради што најсериозно размислувал да го напушти Челси.

Одои пред една година беше во центарот на вниманието кога бараше трансфер, тогаш Баерн Минхен беа сериозно заинтересирани за него, но Челси успеаја да ги задоволат неговите апетити со неделната плата од 200.000 фунти. Одои лани потпиша пет годишен договор.

Меѓутоа на почетокот на оваа сезона тој не добива шанси од Лапард, поради големата конкуренција на неговата позиција. Одои не доби можност да игра во првите две кола, во Премиер лигата, иако поради повреди во тимот ги нема Кристијан Пулишиќ и Хаким Зијеш.

Менаџерот на фудбалерот во текот на неделата ќе одржи состанок со клупските челници, на кој ќе се разговара околу статусот на неговиот клиент.

Медиумите тврдат дека во овој момент Челси сериозно размислувале да го испратат некаде на позајмица кде што ќе има можност да игра во континуитет.

Минатата сезона Одои одигра 35 натпревари, односно на теренот минал 1.609 минути, постигнал четири гола и забележал седум асистенции.

Scroll to Top