Top Sport

Хадсон-Одои ја скинал ахиловата тетива

Фудбалерот на Челси, Калум Хадсон-Одои, ја заврши сезоната поради повредата со која се здобил синоќа, на натпреварот со Барнли. Тинејџерот се повреди во 41 минута, тој ја скинал ахиловата тетива.

Крлиниот играч изјавил дека му е жал што на ваков начин ја завршил сезоната и дека ќе работи напорно за да се врати посилен на терените.

Хадсон-Одои (18), оваа сезона настапил на 24 натпревари, а во март дебитираше и за сениорската репрезентација на Англија.

Инаку, Баерн Минхен, покажува серизен интерес за овој фудбалер, а од Челси порачаа дека нема да дозволат тој да го напушти клубот.

Scroll to Top