Top Sport

Хадсон-Одои нема да го чека Саутгејт, го менува националниот тим!

Англискиот селектор Герет Саутгејт го доведе „Гордиот Албион“ до финалето на ЕУРО2020, на „Вембли“ на пенали ја загубија титулата, но брзо се опоравија. Во квалификациите за Мундијалот во Катар 2022 се на прво место во групата со 16 бодови.

Саутгејт им даде шанси на повеќе играчи, пред се млади фудбалери, но се чини не му даде вистинска прилика на Калам Хадсон-Одои (21).

Токму поради тоа играчот на Челси нема намера повеќе да чека и спремен е за промена на националниот тим. Според наводите на „Дејли мејл“, тој сака да игра за селекцијата на Гана, од каде е неговиот татко.

Има одиграно три натпревари за Англија, но според новите правила на ФИФА, може да го промени националниот тим и подготвен е тоа да го стори.

„Секогаш околу себе сум ги имал вистинските луѓе кои знаеле да ме посоветуваат што е правилно. Кога Англија ме повика реков дека сакам да играм, но во исто време чувствувам дека Гана е мојата куќа. Ќе видиме, нкогаш не се знае“ рече Хадсон-Одои.

Scroll to Top