Дисциплинската комисија на Хрватската фудбалска лига го казни Хајдук со четири натпревари без гледачи на „Пољуд“ по хаотичното дерби против Динамо Загреб (0:0) минатиот викенд.
Навивачите успеаја да повредат еден пожарникар, додека со парче бетон беше погоден во глава фудбалерот на Хајдук, Унгарецот Адам Ѓурчо, по што парчето бетон беше предадено со записникот од судијата Иван Бебек, кој неколку пати го прекинуваше мечот.
„Во текот на натпреварот беа фрлени 45 факли, 9 димни бомби, 5 строб-бомби и 17 топовски удари од страна на домашните навивачи на сверната трибина“, се вели во одлуката на ХНЛ.
Сепак, Хајдук на својата Фејсбук страница им порача на навивачите, славната „Торцида“ да бидат на стадионот во мечот со Осиек и тоа без влезници, бидејќи казната стапува на дело осум дена по изречувањето.