Top Sport

Хајдук го отпушти Вулиќ

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит, во вторникот, објави дека тренерот Зоран Вулиќ добил отказ. Челниците допрва ќе решат кој ќе биде третиот тренер од почетокот на сезоната. Вулиќ пред три месеци на функцијата го наследи Жељко Копиќ.

Хајдук игра и бележи катастрофални резултати од почетокот на сезоната. Поради тоа беше сменет Копиќ, а ситуацијата не е подобрена ниту во мандатот на Вулиќ.

За 57-годишниот тренер ова беше петтиот мандат во кариерата на клупата на Хајдук. Вулиќ на 11 натпревари, во сите конкуренции, забележал пет победи, два порази и четири нерешени резултати.

Барем засега него ќе го наследи тренерот на вториот тим Синиша Орешчанин.

Хајдук во хрватското првенство се наоѓа на шестото место со 15 бодови.

Scroll to Top