Швеѓанецот Јенс Густафсон е новиот тренер на Хајдук. Клубот од Сплит именувањето на Гистафсон го потврди на клупската интернет страница.
Јенс Густафсон во Хајдук доаѓа на местото на Паоло Трамецани, кој успеа да избори пласман во европските куови.
Густафсон тренерската кариера ја започнал во 2011 година во У-17 тимот на Халмштад, набргу станал тренер на сениорскиот тим. Во кариерата го тренирал Норкопинг, односно и АИК од Стокхолм, а бил и селекторот на младата репрезентација на Шведска.
Густафсон со Хајдук потпиша двегодишен договор.