Top Sport

Ливерпул го потврдија трансферот на Конате

Ибрахим Конате од наредната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул. Англискиот клуб на својата интернет страница објави дека постигнале договор со Лајпциг околу трансферот на 22-годишниот фудбалер.

Ибрахим Конте, изминатите четири години играше во Лајпциг. Ливерпул за да го реализира трансферот ја активираше откупната клаузула од 40 милиони евра.

Конате во Ливерпул ќе пристигне по завршувањето на Европското првенство за фудбалери до 21 година, каде ќе настапи со Франција.

„Навистина сум среќен што ќе му се приклучам на еден навистина голем клуб. Ова е возбудлив момент за мене и моето семејство. Ме чека едно ново поглавје во кариерата“, рекол Конате.

Scroll to Top