Top Sport

Хајдук се прости од Дује, славниот актер Мустафа Надаревиќ

Фудбалскиот клуб Хајдук се прости од хрватскиот актер Мустафа Надаревиќ, кој денеска почина во Загреб на 77-годишна возраст по долгата борба со ракот на белите дробови.

Надаревиќ им е посебно близок на навивачите на сплитските „били“ бидејќи беше дел од актерската екипа на славната серија од почетокот на 1980-тите, „Вело мисто“, во кое фудбалот и Хајдук имаат голема улога. Надаревиќ го глумеше инженерот Дује.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');