Top Sport

Хајдук Сплит го доби хрватското дерби против Динамо Загреб

Хајдук го победи Динамо Загреб со 1:0 во големото хрватско дерби. Стрелец на единствениот гол беше Емир Сахити во 59. минута по прекрасна акција на домаќините во три потега. Со оваа победа Хајдук се врати на првото место и ја прескокна второпласираната Ријека. Динамо останува на третото место.

Хајдук не прикажа спектакуларен фудбал, но, сепак, успеа да стигне до посакуваниот триумф.

Александар Трајковски доби шанса за настап во победничкиот тим во второто полувреме. Аријан Адеми влезе во игра во 62.минута во тимот на Динамо, а Стефан Ристовски не играше поради повреда.

Scroll to Top