Top Sport

Хајнкенс: Сане е далеку од врвен играч, не вреди 100 милиони евра

Легендарниот тренер Јуп Хајнкенс смета дека Лирој Сане допрва треба да стане врвен фудбалер и дека не е реално за него Баерн на Манчестер сити да им плати 100 милиони евра.

Лирој Сане од минатото лето се поврзува со трансфер во Баерн. На првиот меч во сезоната, на почетокот на август минатата година, доживеа тешка повреда на коленот, поради кој нема настап оваа сезона за Манчестер сити.

Баерн Минхен сепак се упорни во намерите да го донесат во Минхен.

„Беше во добра форма пред повредата, но мислам дека се уште не направил пробив кој би го направил да биде врвен фудбалер. Мислам дека тој во моментов е на крстопат, дали ќе продолжи вредно да работи или ќе остане само еден неверојатен талент“, смета тренерот кој со Баерн има една титула во Лигата на шампионите и четири во Бундеслигата.

Баерн се наводно подготвени да издвојат 100 милиони евра за Сане, но со огледа на финансиската криза што настапи прашање е дали оваа сума е реална.

„Сане мора да биде подготвен за голем исчекор бидејќи не му користи многу тоа што повремено ќе блесне неговиот талент. Можам искрено да ви кажам дека 100 милиони евра за него не е реална цена“, дополнил 74 годишниот Хајнкенс.

Scroll to Top