Top Sport

Хајнкес: Невозможно е да го продолжам договорот

Откако победи во седум меча во низа на стартот на четвртото „владеење“ со Баерн Минхен, Јуп Хајнкес јасно посочи дека нема да го продолжи договорот и да остане во Баварија.

Хајнкес беше повикан како „спасител“ на Баерн откако Карло Анчелоти беше отпуштен во октомври и се согласи да остане во тимот до крајот на сезоната. Баерн во моментов се на првото место во Бундеслигата по 3:1 победата над Борусија Дортмунд, а извесен е и пласманот во осминафиналето на Лигата на шампиони, но 72-годишниот Хајнкес е цврст на својот став.

„Не, тоа е невозможно. Јасно е до кога останувам на ’Алијанц арената’“, вели Хајнкес во интервју со весникот „Велт ам зонтаг“.

Сепак, тој има совети за тоа што треба Баерн прво да го направи – да го продолжи договорот на 33-годишниот Арјен Робен.

„Секако, секогаш го кажувам тоа што го мислам и сакам да верувам дека луѓето на чело на Баерн ќе ме послушаат. Арјен повторно се забавува со фудбалот и е најдобар во својата кариера, иако има 33 години. Тој е пример за младите фудбалери, не само поради талентот, туку поради професионалното однесување. Тој е уникатен“, вели Хајнкес.

Scroll to Top