Top Sport

Хајнкес: Томас Милер е најдобриот германски фудбалер во историјата

Поранешниот легендарен тренер на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес смета дека Томас Милер е „најдобриот“ фудбалер во германската фудбалска историја, така зголемувајќи го притисокот над селекторот Јоаким Лев кој реши веќе да не го повикува Милер во репрезентацијата.

Милер, кој има 525 настапи за Баерн Минхен, според Хајнкес има вистински карактер и стил на играње со кој се стигнува до врвот. Милер има две титули од ЛШ, девет трофеи од Бундеслигата, шест ДФБ купови и пет германски суперкупови.

„За мене, гледајќи севкупно, со неговиот карактер и стил на играње, тој е најдобриот германски фудбалер во историјата заедно со Герд Милер. Повторно покажува што го издвојува од другите – тој е тимски играч, кој трча и работи напорно секогаш. Покрај тоа, тој го движи тимот напред и тоа сега стана најјасно во финалето на Лигата на шампионите“, вели 75-годишниот Хајнкес.

Scroll to Top