Top Sport

Рома го позајми екскапитенот Флоренци на ПСЖ

Алесандро Флоренци го комплетираше трансферот во Пари Сен-Жермен, каде што ќе замине на позајмица од Рома со опција за купување за 10 милиони евра.

29-годишниот поранешен капитен ги помина медицинските тестови и ПСЖ наводно за него ќе плати само милион евра, со опција за дополнителни 9 милиони евра да го направат трансферот постојан.

„Горд сум што станувам фудбалер на Пари Сен-Жермен, бидејќи се работи за еден од најголемите клубови во Европа, што го покажаа со пласманот во финалето на ЛШ. Ќе биде вистинско задоволство и чест да се игра со новите соиграчи“, изјави Флоренци.

Италијанецот, кој има 36 настапи за репрезентацијата, е роден во Рим и е навивач на Рома од своето детство и таму ја започна кариерата преку нивната академија. Во 2011/12 тој беше позајмен на Кротоне, а во јануари 2020 беше пратен во Валенсија на уште една позајмица.

Флоренци има 280 меча за „волчицата“ и 28 гола и 32 асистенции, но не беше во плановите на тренерот Пауло Фонсека, додека во ПСЖ ќе треба да го замени Томас Муние.

Scroll to Top