Top Sport

Хакан Шукур: Се ми зедоа!

Легендарниот турски фудбалски напаѓач Хакан Шукур пред неколку години замина од татковината поради тоа што е обвинет дека поддржува организација која ја сметаат за терористичка.

„Мојата ситуација е многу тешка, ми зедоа се, баш се што имав и што инвестирав во Турција“ рече Шукур кој за сите проблеми го обвини актуелниот турски претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Шукур е еден од најдобрите турски фудбалери на сите времиња. Денес како 50-годишникот со Галатасарај во 2000 година го освои тогашниот Куп на УЕФА.

Две години подоцна со Турција стигна до бронза на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.

Играше и во Торино, Интер, Парма и Блекбурн.

За Турција одигра 112 меча и постигна 51 гол.

Целиот имот веќе со години му е замрзнат затоа што јавно го напаѓаше режимот на Ердоган. Живее во Калифорнија каде отворил пекара со турски специјалитети, а почна да работи како таксист.

„Ердоган прво ме замоли да влезам во неговата партија за да добие повеќе гласови, а тогааш ме претвори во државен непријател затоа што не ги делев неговите ставови. Се ми зедоа, семејството ми го протераа, татко ми го уапсија. Сите кои го кренаа гласот и бараа демократија, сега ја плаќаат цената. На фудбалерите им и препорачувам да не се расправаат затоа што ќе завршат како мене“ изјави Шукур во интервју за италијански „Sportweek“

Scroll to Top