Top Sport

Хакими е најдобриот африкански фудбалер

Десниот бек на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, е прогласен за најдобар африкански фудбалер за 2025 година.

Признанието дојде како награда за сè што е направени во дресот на Пари Сен Жермен и мароканската репрезентација.

Хакими стана првиот Мароканец што го доби ова признание по Мустафа Хаџи во 1998 година, а претходно беше на второто место во два наврати. 27-годишникот ја доби наградата на церемонијата на CAF во Рабат.

Хакими заврши во гласањето пред крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен и напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси.

Селекторите и капитените на африканските репрезентации одлучија за победникот.

И покрај повредата на глуждот што ја заработи во победата на ПСЖ над Баерн Минхен на 4 ноември, дефанзивецот отпатува во Мароко за церемонијата, на која присуствуваа првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и селекторот на Мароко, Валид Реграги.

Наградата на Хакими доаѓа по сезоната во која тој одигра клучна улога во освојувањето на Лигата на шампионите, постигнувајќи голови во четвртфиналето, полуфиналето и финалето.

Под водство на Луис Енрике, Мароканецот ја одигра најефикасната сезона во својата кариера, постигна 11 гола и забележа 16 асистенции во 55 натпревари во сите натпреварувања.

Хакими сè уште е надвор од игра поради повреда, но се надева дека ќе се врати на време за Африканскиот куп на нации, кој Мароко ќе го организира од 21 декември до 18 јануари.

Scroll to Top