Фудбалерот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими, кариерата ќе ја продолжи во германската Бундеслига, во екипата на Борусија од Дортмунд.
Мароканецот во наредните две сезони ќе го носи дресот на „милионерите“ како позајмен играч од страна на Реал.
Хакими стана вишок во Реал откако во Мадрид пристигна и вториот репрезентативен десен бек на Шпанија, Алваро Одриозола.
Борусија, по истекот на позајмицата ќе може да го откупи договорот на Хакими од Реал.