Top Sport

Швеѓаните слават, Гранквист стана татко

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шведска, Андреас Гранквист и неговата сопруга Софи, во петокот ја добија ќерката Мика. Убавата вест предизвика голема радост во таборот на репрезентацијата на Шведска, која утре од 16 часот игра против Англија, во четврт-финалето на Светското првенство.

„Мајката и детето се чувствуваат добро“, рекол шведскиот капитен.

„Бебето дојде во вистинско време. Не спиев добро минатата ноќ. Тоа што добивме ќерка со сопругата е најубавата од сите работи во светот“.

Инаку, Гранквист, вчера рекол дека сопругата не му дозволува да се врати дома и да присуствува на паѓањето на детето.

Мика е второто дете за шведската двојка. Тие, од претходно, ја имаат четири годишната ќерка Нова.

Scroll to Top