Ашраф Хакими е фудбалер на Реал кој две сезони игра како позајмен играч во Борусија. Мароканецот во Дортмунд израсна во еден од најдобрите играчи на својата позиција. Интересот за овој фудбалер е голем, иако тој до 2022 година е под договор со „кралскиот клуб“.
„Марка“ тврди дека Реал го продолжиле договорот со Хакими за уште една година, неговиот менаџер тврди дека тоа не е точно.
„И понатаму го имам договорот што го потпишавме во 2017 година и кој важи до 2022. Ќе мораме да почекаме. Кога ќе заврши кризата со коронавирусот ќе седнеме да разговараме со Реал и Борусија“, рекол менаџерот на Хакими, Алехандро Камано.