Top Sport

Халанд бил рапер пред да стане славен фудбалер (видео)

Пред да стане највозбудливиот млад напаѓач во фудбалскиот свет, ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се обидувал да изгради кариера како поп-ѕвезда, како дел од бој-бендот „FlowKingz“.

Бизарното видео, секако, е на норвешки јазик, но некој се потрудил и да го преведе на англиски откако Халанд стана славен.

Норвежанецот имал многу таленти како млад, откако се откри дека бил светски рекордер за скок од место како петгодишник (1.63 метри на 22 јануари 2006), а неговиот татко, поранешниот фудбалер Алф-Ингее Халанд, се обидувал да го најде вистинскиот спорт за него и тој тренирал и крос-кантри скијање, ракомет и атлетика.

Но, сепак, да му простиме, во 2016 година, тој имал само 16 години.

Scroll to Top