Top Sport

УФЦ: Џон Џонс и Нгану сакаат меч во тешка категорија, УФЦ не дава пари

Џон Џонс и Френсис Нгану се јавија на социјалните мрежи по неуспешните преговори со УФЦ за мега-дуел во тешка категорија, обвинувајќи го шефот на УФЦ, Дејна Вајт дека не сакал да се случи мечот.

УФЦ шампионот во средно-тешка категорија Џонс прво на Твитер откри дека почнал да преговара со УФЦ за меч со Нгану, но додаде дека УФЦ едноставно одбила да му понуди повеќе пари за придвижување во категоријата.

„Пред воопшто да почнеме да зборуваме за бројките, УФЦ не сакаше да даде повеќе пари за супер-меч со Френсис. Ми порачаа дека можеби ќе заработам повеќе преку пеј-пер-вју. Затоа, можеби за година-две. Кога ќе се вратиме и кога ќе имаме ум да направиме подобар бизнис“, напиша Џонс.

Нгану исто така се јави на социјалните мрежи.

„Според мене, УФЦ не сакаат да го направат овој меч со Џон таков како што вреди. Не знам кога ќе биде мојот следен меч. Се надевам не за 11 месеци“, вели Нгану.

Џонс нема меч по контроверзната победа над Доминик Рејес во февруари на УФЦ 247, додека Камерунецот Нгану, го уништи Жаирзињо Розенстрајк за само 20 секунди на УФЦ 249 минатата недела.

Scroll to Top