Top Sport

Халанд е вистинска ѕвезда – Судијата побарал автограм од напаѓачот

Манчестер сити ја победи Борусија Дортмунд со 2:1, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Голот за Дортмунд го постигна капитенот Марко Ројс по додавањето на Ерлинг Халанд.

Норвежанецот, иако не постигна гол, повторно беше во центарот на вниманието. По завршувањето на натпреварот, еден од помошниците на главниот судија Овиду Хатеган, пред соблекувалните побара автограм од младиот Норвежанец.

Сцената на прес-конференцијата ја коментирал и менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

„Можеби е фан и ја искористи можноста. Зошто да не, судиите одлично си ја завршија работата“, рекол Гвардиола.

 

Scroll to Top