Ерлинг Халанд, со два гола, учествуваше во победата на Борусија Дортмунд на Гројтер Фирт. „Милионерите“ славеа со 3:0 и ја намалија предноста во однос на лидерот Баерн на шест бода.
Халанд, првиот гол го постигна од пенал во 33.минута, а вториот во 82.минута. Со овој два гола, Халанд стигна до бројката од 29 гола во 2021 година. Норвежанецот против Гројтер Фирт го изедначи клупскиот рекорд.
Претходно 29 гола во една календарска година постигнаа Лотар Емерих во 1966 и Пјер-Емерик Обамејанг во 2015 година.
Веројатно учинокот на Халанд ќе беше и подобар доколку не мораше да паузира речиси два месеци поради повреда.