Top Sport

Халанд го собори рекордот на Салах

Ерлинг Халанд го собори рекордот во Премиер лигата за најмногу голови во сезона, во која се играат 38 натпревари.

Брилијантниот Норвежанец го постигна својот 33. гол сезонава во победата над Арсенал од 4:1. Разликата меѓу двата тима сега е само два бода во корист на „топџиите“ кои имаат два одиграни натпревари повеќе.

Во петтата минута од судиското надополнување, Халанд ја погоди мрежата на гостите од Лондон и со тоа го собори рекордот на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Египќанецот во сезоната 2017/18 постигна 32 гола на 38 натпревари.

Халанд има сериозни шанси да го подобри тој рекорд бидејќи Сити ќе одигра уште седум натпревари до крајот.

Исто така, тој е на пат да го собори апсолутниот рекорд во Лигата што заеднички го држат Енди Кол и Алан Ширер, кои постигнаа по 34 гола во сезоните 1993/94 и 1994/95.

Легендарните напаѓачи на Манчестер јунајтед и Њукасл, своите рекорди ги постигнаа кога во лигата се натпреваруваа 22 клуба, па во сезоната имаше 42 кола.

Што се однесува до Халанд, тој оваа сезона постигна дури 49 гола во сите натпреварувања.

Scroll to Top