Top Sport

Капело: Роналдо имаше 94 килограми, Реал беше во право што го продаде

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело во интервју за „Марка“ ги открива деталите на продажбата на Роналдо Назарио од Реал Мадрид во Милан во јануари 2007, велејќи дека бразилскиот магионичар едноставно премногу го сакал ноќниот живот и дека имал 94 килограми кога бил продаден.

Роналдо помина пет години во Серија А со Интер од 1997 до 2002 година, по што замина во Реал Мадрид, каде што остана речиси пет години со 103 гола во 177 настапи.

„Мислам дека продажбата беше добра среќа за Реал. Зборував со претседателот и му кажав дека мораме да го продадаме. Зборував со Роналдо и го прашав колку килограми имаше кога го освои СП со Бразил. Тој одговори дека имал 84 килограми. А тогаш имаше 94. Му кажав да ослаби, но тој не можеше да го направи тоа. Го сакаше ноќниот живот, жените. Тогаш му кажав на претседателот дека мора да го продадеме. Имаше интерес од арапските клубови, но тогаш се јави и Силвио Берлускони. Му кажав каква е ситуацијата, со ноќниот живот, жените и дека има 94 килограми. Берлускони ми се заблагадари, и следниот ден во ‘Ла газета дело спорт’ прочитав дека тој оди во Милан“, открива Капело.

Роналдо помина 18 месеци во Милан од јануари 2007 до јуни 2008, а последните пет месеци се мачеше со повреда на коленото. Тој постигна 9 гола во 20 настпи за „росонерите“.

Scroll to Top