Top Sport

Халанд ќе пропушти 12 натпревари

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, ја заврши оваа календарска година. Халанд ја обновил повредата на мускулот, поради што ќе оди на подолга пауза.

Информацијата ја објави „Билд“, а ја потврдил пријателот на Халанд, Јан Оге Фјертфот.

„Веројатно мечот со Ајакс беше последен за не го оваа година“, рекол Фјертофт.

Халанд, претходно пропушти четири натпревари, на терените се врати на 16.октомври, на натпреварот со Мајнц, се повреди три дена подоцна против Ајакс.

Норвежанецот од почетокот на сезоната има одиграно девет натпревари, постигнал девет голови.

Доколку овие прогнози се точни, тоа значи дека Борусија ќе биде без Халанд на наредните 12 натпревари.

Scroll to Top