Top Sport

Халанд може да замине веќе во јануари?

Ерлинг Халанд би можел да ја напушти Борусија Дортмунд веќе во јануари, бидејќи неговата клаузула за раскин на договорот може да биде поместена, тврди шпанска „Марка“, додавајќи дека тоа најверојатно ќе предизвика битка на премиерлигашките гиганти Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Челси за неговиот трансфер.

21-годишниот Норвежанец, кој има зачудувачки 62 гола во 63 настапи за Борусија Дортмунд, има долгорочен договор со германскиот клуб, но има и клаузула од 80 милиони евра, која се веруваше дека е достапна дури следното лето. Во сегашниот преоден рок, неколку клубови беа заинтересирани, но Дортмунд бара фантастични 175 милиони евра за него.

Манчестер сити уште се во потрага по напаѓач, и иако првата цел им е Хери Кејн од Тотенхем, на крајот може да се откажат по инаетењето на лондонскиот клуб. Јунајтед, пак, како прв напаѓач го имаат 34-годишниот Единсон Кавани, но се верува дека тој ќе замине на крајот на сезоната, додека Челси иако потрошија 115 милиони евра на Ромелу Лукаку, имаат долгорочен интерес во Халанд.

Scroll to Top