Top Sport

Јусуф Демир по стапките на Лео Меси

Јусуф Демир стана најмладиот странски играч кој заиграл за Барселона по Лео Меси, откако влезе во игра на вчерашниот меч против Атлетик Билбао (1:1).

18-годишниот австриски репрезентативец го замени Мартин Брејтвајт по час игра за да го запише својот прв настап за клубот по доаѓањето во Каталонија ова лето. Со своите 18 години и 80 дена тој е намладиот странски играч кој играл за Барса по 17 години, откако Лео Меси дебитираше во октомври 2004 на 17 години и 114 дена.

„Не му беше лесно на Демир на ‘Сан Мамес’, бидејќи е уште млад и не е навикнат на фудбал на вакво ниво. Но, секој мора да почне“, вели тренерот Роналд Куман.

Демир пристигна во Каталонија од Рапид Виена во јули на првична позајмица со опција за купување за 10 милиони евра. Тој веќе има 38 настапи за сениорскиот тим на Рапид, со кого дебитираше во 2019 година, а во март го имаше и првиот настап за репрезентацијата на Австрија.

Scroll to Top