Ерилнг Халанд, во последното коло, ја мина границата од 40 постигнати голови оваа сезона. Норвежанецот со два гола ја предводеше Борусија до победата над Баер Леверкузен 3:1. Во сите натпреварувања Халанд сезона постигнал 41 гол, односно има просек од гол по натпревар.
Со ова неверојатно остварување, Халанд застана до Бразилецот Роналдо. Овие двајца се единствените кои во едно петте најсилни натпреварувања во светот, постигнале40 или повеќе голови пред да наполнат 21 година.
Роналдо како играч на Барселона, во сезоната 1996/97, постигнал 47 голови и забележал 12 асистенции.
Халанд сезоната 2020/2021 ја заврши со 41 гол и 12 асистенции на 41 одигран натпревар.