Top Sport

Халанд: Не е вистина дека барав висока плата во Манчестер јунајтед

Ерлинг Халанд тврди дека тврдењата дека Манчестер јунајтед се повлекле од трансферот за него поради неговите барања за огромна плата, велејќи дека веќе бил сигурен дека ќе потпише за Борусија Дортмунд.

Младиот Норвежанецот потпиша за БВБ минатиот месец и ја продолжи со неверојатната форма, со осум гола во пет настапи за само 270 минути. 19-годишниот Халанд претходно работеше под Оле Гунар Солскјер во норвешкиот Молде, и додава дека има огромна почит кон него, но верува дека морал да одлучи сам каде ќе продолжи.

„Оле беше важен за мене во мојот развој и затоа сум тука каде што сум сега. Но, заклучивме дека Дортмунд е најдобрата опција за мене, чувството беше најдобро и затоа така решив. Знам дека се пишуваше многу околу мојата плата, но навистина е смешно да се размислува така. Сите кои ме познаваат знаат дека не сум таков човек. Мојот менаџер Мино Рајола? Тој е најдобриот во својата работа, иако го следат многу негативни наслови. Тоа е така најверојатно бидејќи завршува одлична работа за неговите клиенти. Одлично е да си покрај него“, вели Халанд.

Scroll to Top