Top Sport

Малком: Меси само ги прикрива вистинските проблеми во Барса

Поранешниот фудбалер на Барселона, Малком, смета дека огромниот квалитет кој го поседува Лионел Меси само ја прикрива вистинската ситуација во каталонскиот клуб. Меси неодамна влезе во конфликт со спортскиот директор Ерик Абидал по критиките кои тој ги упати кон фудбалерите, но изгледа дека ја загуби „првата битка“ во тимот.

Бразилецот Малком, кој се подготвува за нова сезона во рускиот Зенит Санкт Петерсбург во интервју за „Марка“ зборуваше за своите проблеми во Барселона.

„Си заминав од Барселона без лутење. Сакав само да играм фудбал, а Зенит ме сакаа. Уште зборувам со Абидал и со другите луѓе во тимот. Кога бев на теренот го дадов максимумот, и иако си заминав тажен го остварив сонот и играв во Лигата на шампионите, а постигнав и гол против Реал Мадрид. Во Барселона секогаш има фантастични фудбалери и кој и да игра тие ќе бидат силен тим. Играчите доаѓаат, си одат и остануваат. Дали квалитетот на Лео Меси ги прикрива проблемите? Да, некои од нив, тоа е сигурно. Лео е најдобриот на светот, понекогаш прави луди работи на теренот и помага на Барселона бесконечно. Затоа кога некои луѓе зборуваат за Барселона, зборуваат за Лео“, вели Малком.

Scroll to Top