Top Sport

Халанд не се согласува со Пеп, можно е да замине во Реал?

Ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд може да се реши за заминување од Манчестер сити бидејќи не се согласува со менаџерот Пеп Гвардиола, тврди шпанскиот „Насионал“, давајќи надеж дека Реал Мадрид може да го добие во текот на летниот преоден рок.

Норвежанецот е најдобар стрелец во Премиерлигата со 25 гола во 19 меча, рушејќи низа рекорди во англискиот фудбал и покрај променливата форма на Сити, но „Насионал“ тврди дека 22-годишниот напаѓач не може да се поврзе со Пеп Гвардиола и тоа создава „лоша атмосфера“ во клубот. Тие додаваат дека присуството на Халанд придонело за несогласување кај повеќе негови соиграчи и нарушени човечки односи.

Секако, тие додаваат дека во Реал Мадрид ја следат ситуацијата, но посочуваат дека е возможно да почекаат до 2024 кога ќе биде активна неговата клаузула од 200 милиони евра. Дали се работи само за желба на навивачите на Реал, останува да се види.

Scroll to Top