Top Sport

Касано: Мурињо никогаш не бил голем тренер, на Рома им нанесува катастрофа

Жозе Мурињо никогаш не бил „голем тренер“ и на Рома и носи само „катастрофи“, вели поранешниот напаѓач на „волчицата“, Антонио Касано.

И покрај тоа што со победата од 2:0 над Емполи се искачија на третото место на табелата, а лани ја освоија првата европска титула во Конференциската лига, Касано вели дека Мурињо, кој претходно освојуваше титули со Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед не е толку добар тренер како што покажуваат резултати.

„Мурињо никогаш не бил голем тренер, само знае да се игра со медиумите и да комуницира како што треба. Не е добар кога ќе се соочи со силни играчи. Лесно е да бидеш во добри односи со големи играчи. Во Рома доаѓа само катастрофа по катастрофа, трошеше пари на Немања Матиќ и Руи Патрисио. Пред некој ден, кога загубија од Кремонезе во Купот на Италија ми се гадеше. Не знае да игра против таков тим. Тој влезе во конфликт со Рик Карсдроп, навредувајќи го пред сите и ме чуди што тој се врати во тимот. Николо Ѕаниоло? Сега сака да зборува за него, а не за тоа зошто Рома игра ср.ње. Веќе година и пол оваа Рома не игра вистински фудбал“, вели Касано.

Scroll to Top