Top Sport

Халанд не запира, со два гола во мрежа го испрати Унион во Берлин!

Борусија Дортмунд на крилата на фантастичниот Ерлинг Халанд стигна до нова победа во Бундеслигата. „Милионерите“ предмалку со 4-2 беа подобри од тимот на Унион Берлин, а Норвежанецот на двапати се запиша во листата на стрелците.

Гуереиро во 10 минута со прекрасен гол го отвори мечот, а Халанд во 24 минута веќе зголеми на 2-0.

Во 52 минута со автоголот на Фридрих домашните дојдоа до убедлива предност од 3-0.

Пет минути подоцна Крусе од пенал намали на 3-1. Гостите од главниот град во 81 минута сериозно се заканија да направат изненадување. Воглсамер прецизен за намалување на домашното водство на 3-2.

Сепак, само 2 минути подоцна со својот втор погодок Халанд стави до знаење дека трите бода денеска остануваат во Дортмунд.

„Жолто-црните“ со денешниот триумф собраа 12 од можните 15 бода сезонава, доволни за втора позиција и 1 бод заостанување зад лидерот и актуелен шампион – Баерн Минхен.

Scroll to Top