Top Sport

Халанд официјално е рекордер на Сити

Ерлинг Халанд има незаборавна дебитантска сезона за Манчестер сити.

Шампионот на Англија без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Бурнмаут (4:1) во натпреварот од 25. коло на Премиер лигата, а Халанд постигна гол за 2:0.

Со голот во 28.минута, Халанд влезе во историјата на Манчестер сити. Тоа беше негов 27. првенствен гол сезонава.

Ниту еден играч на Сити досега не постигнал толку голови во една првенствена сезона.

Рекордот од сезоната 2014/15 го држеше Аргентинецот Серхио Агуеро, кој тогаш постигна 26 гола.

 

Scroll to Top