Норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд постигна пет гола за неполн час на теренот против Лајпциг во Лигата на шампионите, а менаџерот Пеп Гвардиола не му дозволи да стане единствен во историјата и го повлече од игра.
Халанд е само трет фудбалер во историјата кој даде пет гола на меч во ЛШ, покрај Лионел Меси и Луиз Адријано.
„Му реков на Пеп дека сакав да дојдам до двоен хет-трик, но што можев друго кога реши да седнам на клупата?“, изјави Халанд по неверојатната претстава и триумфот на Манчестер Сити од 7:0.
Тој истакна и дека не се сеќава како ги постигна сите пет гола.
„Пет гола, победа од 7:0 за Манчестер Сити, тоа навистина ме прави среќен. Ова е најпрестижното натпреварување. Искрено, не се ни сеќавам како ги дадов сите голови. Фокусиран сум само да шутнам најдобро што можам мислам само да шутнам, концентриран сум само на тоа како да погодам. Се радувам што тимот функционираше одлично, иако мислам и дека можеме да играме уште подобар пресинг во некои моменти“, дополни Халанд.