Top Sport

Халанд потпиша рекорден спонзорски договор

Ерлинг Халанд, брилијантниот млад напаѓач на Манчестер сити и на норвешката репрезентација, потпиша договор со кој влезе во спортската историја. Не станува збор за нов договор со англискиот шампион во кој заработува 426 илјади евра неделно, туку со производител на спортска опрема.

Халанд ќе носи копачки на „Најки“ за 22,7 милиони евра годишно во следните десет години. Англиските медиуми пишуваат дека тоа е најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.

„Со своите голгетерски бројки тој ја одбележа не само сегашноста, туку и иднината на фудбалот. Тој е наследник на најголемата „деветка“ и напаѓач на новата генерација“, се вели во објавата со која се алудира дека легендарниот Бразиелц Роналдо е идолот на Халанд.

„Трансфермаркт“ го проценува Халанд на 170 милиони евра. Минатото лето Манчестер сити за неговиот трансфер издвоија 60 милиони евра. Оттогаш Халанд постигна 42 гола на 37 натпревари за Сити. Неговиот вкупен скор во професионалната кариера е 198 гола на 242 настапи.

Scroll to Top