Top Sport

Халанд продолжува да руши рекорди

Ерлинг Халанд синоќа испиша историја во Лигата на шампионите. Норвежанецот најмладиот играч кој постигнал 35 гола.
Халанд го постигна единствениот гол за Сити, во реваншот од четвртфиналето, против Баерн во Минхен (1:1). до бројката од 35 гола во елитното натпреварување на „Стариот континент“.

Халанд на 22 години и 272 дена стигна до бројката од 35 гола, соборувајќи го досегашниот рекорд на Килијан Мбапе, кој го постигна на 23 години и 260 дена.

Уште поимпресивен е податокот дека Норвежанецот на само 27 настапи постигна 35 гола.
Претходниот рекорд го држеше Руд ван Нистелрој, кој постигна 35 гола во најсилното клупско натпреварување на 42 настапи.

На Мбапе му беа потребни 54 натпревари, на Лионел Меси 55, а на Нејмар 57.

Халанд постигна осум гола во Лигата на шампионите за Салцбург, 15 за Борусија Дортмунд и 12 гола за Сити досега, во својата прва сезона во Манчестер.

Најмлади до 35 гола:

22 г и 272 д – Ерлинг Халанд
23 г и 260 д – Килијан Мбапе
23 г и 307 д – Лионел Меси
25 г и 82 д – Раул Гонзалес
26 г и 69 д – Карим Бензема
26 г и 185 д – Томас Милер

Број на натпревари до 35 гола:

27 – Ерлинг Халанд
42 – Руд ван Нистелрој
54 – Килијан Мбапе
55 – Лионел Меси
56 – Роберт Левандовски
57 – Филипо Инзаги
57 – Нејмар

Scroll to Top