Top Sport

Халанд против „неговите“, Потер дебитира на клупата на Челси

Второто коло во Лигата на шампионите ќе биде комплетирано вечерва, со натпреварите во групите Е, Ф, Г, Х, а ќе се одигра и дуелот Глазгов Ренџерс – Наполи во групата А, кој беше одложен за еден ден поради смртта на британската кралица Елизабета.

Дерби натпревари нема, интерес привлекува дуелот Манчестер сити – Борусија Дортмун и дебито на новиот тренер на Челси.

Во центарот на вниманието на „Етихад“ ќе биде напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, кој летово му се приклучи на англискиот шампион од Дортмунд. Халанд постигна два гола во победата од 4-0 против Севиља во првото коло.

Тој оваа сезона постигна дури 12 гола на седум натпревари и во просек ја погодува мрежата на секои 54 минути за Сити.

Шанса да се врати во борбата за второто место во групата ќе бара Севиља, која по очајниот старт на сезоната конечно викендов успеа да го победи Еспањол и со тој триумф патува во Копенхаген.

Во групата Е беа забележани два неочекувани резултати во првото коло. Динамо Загреб во второто коло влегува како лидер со три бода, Челзи е на нула, а Милан и Салцбург имаат по еден бод.

Челзи го пречекува Салцбург и едноставно мора да победи на дебито на новиот менаџер Греам Потер.

Динамо оди на „Сан Сиро“ во одлично расположение, но се освен триумф на италијанскиот шампион на тој меч би било првокласно изненадување.

Реал Мадрид ја започна одбраната на титулата со победата од 3:0 на гости кај Селтик во групата Ф, а сега го има Лајпциг, кој минатата недела на својот стадион шокантно беше поразен од Шахтјор со 4:1. Реал најверојатно ќе биде ослабен со отсуството на повредениот Карим Бензема.

Шахтјор е номинален домаќин на Селтик во Варшава, а доколку освои нови три бода ќе направи огромен чекор кон нокаут фазата и без оптоварување ќе може да влезе во двомечот со Реал во третото и четвртото коло.

Јувентус ќе и гостува на Бенфика, во дуелот меѓу екипите кои ќе се борат за второто место во групата Х. Јуве стартуваше со очекуван пораз во Париз, Бенфика го победи Макаби Хаифа во Лисабон.

Ренџерс и Наполи ќе го комплетираат колото во А групата. Италијанскиот тим во првото коло го декалсира Ливерпул, додека Ренџерс доживеаја тежок пораз во Амстердам д Ајакс.

Scroll to Top