Top Sport

Халанд руши рекорди, зад себе ги остави Кејн и Диего Коста

Норвешката сензација од Салцбург, Ерлинг Халанд, синоќа собори уште еден рекорд во Лигата на шампионите. 19 годишникот го постигна последниот гол за својот тим во победата над Генк 4:1.

Халанд е првиот тинејџер што успеал да постигне најмалку по еден гол во првите пет натпревари во фазата по групи во натпреварувањата што ги организира УЕФА.

Исто така Халанд е првиот играч што постигнал осум гола во првите пет натпревари во ЛШ. Тој зад себе ги остави Хари Кејн (Тотенхем) и Диего Коста (Атлетико Мадрид) кои постигнале по седум гола.

Халанд е еден од осуммината играчи што постигнале осум голови во првите пет натпревари. Тоа им успеало наа Алесандро Дел Пјеро (јувентус 1995/96), Сергеј Ребров (Динамо Киев, 1997/98), Нејмар (ПСЖ, 2017/18), Кристијано Роналдо (2017/18) и Роберт Левандовски (Баерн, 2019/2020).

Голот што го постигна во Генк беше 27 за Халнад од почетокот на сезоната. На досега 19 одиграни натпревари тој пет пати постигнал хет-трик.

Scroll to Top