Top Sport

Гвардиола: Златната топка? Ќе ја добие Меси, па ВАР ќе му ја предаде на Ван Дајк

Менаџерот на Манчестер сити шеговито одговорил на прашањето кој ќе ја добие „Златната топка“.

Во конкуренција за оваа награда останаа Лионел Меси, Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо. Меси и Роналдо пет пати биле лауреати, додека Ван Дајк прв пат се наоѓа во позиција да ја добие наградата.

Шпанските медиуми шпекулираат дека добитникот е познат и дека „Златната топка“ ќе заврши кај Лионел Меси.

А како размислува Гвардиола?

„Сигурен сум дека Златната топка прво ќе му ја дадат на Меси, потоа ќе го проверат ВАР и ќе му ја предадат на Ван Дајк“, рекол трофејниот тренер.

Scroll to Top