Top Sport

Халанд: Седуммина се подобри од мене

Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд во едно интервју ги набројал напаѓачите за кои смета дека се подобри од него.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд смета дека во овој момент подобри од него се Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски, Серхио Агуеро, Роберто Фирмино, Пјер-Емерик Обамејанг, Тимо Вернер и Хари Кејн.

Халанд викендов ќе го предводи нападот на Борусија против Фрајбург, а за пет дена го очекува плејоф натпреварот во репрезентацијата на Норвешка против Србија.

Scroll to Top