Top Sport

Што значи заминувањето на Хонда за Макс Ферстапен?

Макс Ферстапен со големо внимание го го следи наредниот чекор на неговиот тим Ред Бул, по одлуката на Хонда се повлече од Формула 1 по завршувањето на наредната сезона. Наредната сезона би можела да биде последна за Ферстапен во Ред Бул иако тој на почетокот на сезоната го продолжи договорот до 2023 година.

Ферстапен во договорот има разни клаузули, според една од нив тој може да го напушти тимот во случај Ред Бул да не бидат доволно конкурентни во борбата за титулата. Исто така договорот е целосно поврзан со Хонда, Јапонците имаа договорена соработка токму до крајот на сезоната 2021. Сега е јасно дека јапонскиот производител нема да го продолжи договорот.

„Реално Макс има постојан договор до 2021 година. Свесни сме дека мораме да му дадеме мотор со кој ќе биде конкурентен“, рекол неодамна шефот на Ред Бул, Хелмит Марко.

Ред Бул нема да се повлече од Формула 1, тие минатиот месец го потпишаа Конкорд договорот што значи дека сигурно ќе останат во Формула 1 до 2025 година.

Scroll to Top