Top Sport

Халанд со еден збор се збогува од Мино Рајола: „Најдобриот!“

Фудбалскиот свет вчера го потресе веста за смртта на Мино Рајола. За жал, еден од најпознатите фудбалски менаџери на сите времиња не можеше да ја издржи битката со злобната болест, а почина вчера на 54-годишна возраст.

Многумина се простија од Рајола со емотивни објави на социјалните мрежи, а се огласи и норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд кој соработуваше со овој агент.

Рајола и Халанд подготвуваа голем трансфер за летото, но за жал Норвежанецот сето тоа ќе мора да го направи сам.

Халанд објави фотографија со Рајола и само напиша: „Најдобриот“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');