Top Sport

Халанд со хет – трик го разби Лајпциг, нема голови по првиот дел на „Драгао“

Манчестер Сити води со 3:0 против Лајпциг по првото полувреме од реваншот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанг беше троен стрелец, откако го отвори резултатот од пенал во 22.минута, а само две минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на германскиот тим. Во последните мигови од првиот дел, уште еднаш ја внесе топката на вистинското место, откако Рубен Дијаш шутираше со глава и го погоди дирекот.

Првиот меч во Германија заврши 1:1, па сега „граѓаните“ се во предност.

На „Драгао“ нема голови по првиот дел, а Интер има минимална предност (0:1) од првиот натпревар во Милано.

Scroll to Top