Top Sport

Халанд со маркер си ги „поправи“ копачките

Ерлинг Халанд го прослави својот 36. гол во Премиерлигата за Манчестер сити, со тоа што со маркер ја поправи бројката на неговите јубилејни копачки.

Норвежанецот го постигна вториот гол при 0:3 победата кај Евертон, во меч во кој носеше посебни копачки со бројот 35 за одбележување на новиот рекорд за голови во една сезона во англиската елита.

Инаку, Халанд има вкупно 52 гола во сите натпреварувања, и ќе се обиде да го подобри скорот во среда против Реал Мадрид во вториот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони.

Scroll to Top