Top Sport

Халер даде два гола во судско продолжение за нова победа на Ајнтрахт (видео)

Ајнтрахт Франкфурт стигна до третата победа во низа во Бундеслигата, откако во понеделничкиот натпревар од 25. коло, триумфираше со 3:0 на гостувањето кај Фортуна Диселдорф, откако замената Себастиен Халер постигна два гола во судското продолжение.

Тимот на Ади Хитер дојде во водство во 56. минута со голот на Португалецот Гонсало Пасиенсија, за потоа Халер, кој влезе во игра во второто полувреме, со два гола во 91. и 93. минута да ја потврди победата со која Франкфурт се врати на петтото место на табелата со три поени зад четвртопласираниот тим на Борусија Менхенгладбах.

Фото: ЕПА

Scroll to Top