Top Sport

Шик донесе победа за „новата“ Рома на Раниери (видео)

Во дебито на Клаудио Раниери на клупата на Рома по отказот за Еузебио ди Франческо, „волчицата“ стигна до тешка 2:1 победа над Емполи во понеделничкиот меч од Серија А.

Ова беше прв меч на Раниери како тренер на Рома од февруари 2011 година, кога си поднесе оставка и веднаш имаше проблем со составот – Един Џеко, Федерико Фацио и Александар Коларов не можеа да играат поради повреди, а Даниеле де Роси, Костас Манолас и Лоренцо Пелегрини беа повредени.

Против себе го имаа Емполи, тим кој грчевито се бори за опстанок и кој сега е само на еден поен од зоната за испаѓање. Рома бргу дојде до водство откако Стефан Ел Шарави ја „излажа“ одбраната на Емполи по еден корнер уште во деветтата минута.

Прославата не заврши, кога Рома прими навистина комичен голк. Матијас Силверстре го пренасочи слободниот удар на Исмаел Бенасер, а Хуан Хесус ја смести топката во својата мрежа. Сепак, тука беше Патрик Шик, кој во 33. минута ја врати предноста на Рома по слободниот удар на Флоренци.

Рома мечот го заврши со десет играчи, откако Флоренци доби втор жолт во 80-тата минута. За малку, казната ќе дојдеше во 89. минута, кога Франческо Капуто имаше соло-акција и постигна гол, но по разгледувањето на ВАР-снимката беше утврдено дека тој играл со рака.

Со трите поени, Рома е на петтото место на табелата со 47 поени, три помалку од Интер на четвртото место.

Фото: ЕПА

Scroll to Top