Top Sport

Халилхоџиќ ќе остане селектор на Мароко и ќе го врати Зијеш во националниот тим

Се чини дека Вахид Халилхоџиќ сепак ќе ја води репрезентацијата на Мароко на Светското првенство во Катар. Ова е епилогот од средбата на селекторот и челниците на Фудбалскиот сојуз на Мароко, јавуваат медиумите во во оваа северно-африканска земја.

Иако веќе некое време се шпекулира дека челниците на Сојузот ќе му врачат отказ на Халилхоџиќ, тоа сепак нема да се случи. Наводно, постигнат е договор според кој во репрезентацијата ќе се вратат исфрлените ѕвезди на Челзи и Ајакс: Хаким Зијеш и Нусар Мазрауи.

Една од причините е високата отштета што Сојузот би требало да му ја плати на Халилхоџиќ, кому автоматски му беше продолжен договорот откако избори пласман на мундијалот во Катар.

Во последните неколку дена интензивно се пишува за заминувањето на Халилхоџиќ и доаѓањето на Андре Вилаш Боаш на клупата. Сега се чини дека нема ништо од тоа.

Халилхоџиќ го однесе Мароко на Светското првенство во Катар каде ќе игра во група со Хрватска, Белгија и Канада.

Scroll to Top